Vestiplus.mk
+СВЕТТОП ВЕСТИ

Во Германија на вработените им нуди бесплатни зимски јакни, зимава воведува мерки за заштеда на енергија

Поради енергетската криза поттикната од војната во Украина, многу компании, официјални претставници и администрации ги ставија греалките на минимум. Во Филинген-Швенинген, температурите во канцелариите се намалуваат до 19 степени Целзиусови, пишува 24инфо.мк.

Градот Филинген-Швенинген во југозападниот дел на Германија зимава воведува мерки за заштеда на енергија, поради што го намалува греењето во јавните установи и на вработените им нуди бесплатни зимски јакни.

За на работниците да не им биде студено, градот нарача околу 1.600 сиви јакни со грбот на градот по цена од 28,50 евра од јакна.

Портпаролката на градот, Мадлен Фалке, за државната телевизија СВР изјави: „Со овие собни температури и претежно седечката природа на работата, на персоналот брзо му заладува.“

Таа рече дека униформниот дизајн на јакните исто така има за цел да го зајакне чувството на заедницата и идентификацијата.

Банката „Крајшпаркасе“ во соседниот град Лудвигсбург, исто така, на вработените им обезбеди зимска облека. Обезбедена е униформирана јакна и црни зимски ракавици бидејќи и овде температурата во работните простории е спуштена на 19 степени Целзиусови.

Синдикатот ИГ-Метал во Ројтлинген и Штутгарт го критикуваше намалувањето на температурите во работните простории.

Ралф Џастер, секретарот на синдикатот ИГ-Метал во Ројтлинген, изјави дека јакните не помагаат при студени стапала и додаде: „Работата на тастаура со ракавици не е изводлива.“

Можеби ќе ве интересира...

Интервју на Зеленски за руски медиуми: Во Мариупол има трупови на тротоарите, никој не ги чисти

В+

Утре сонце, во недела невреме – Метеоцентар со детална прогноза за драстичната промена на времето следните денови

В+

Средба на министерот Бектеши со германска бизнис делегација: Презентирани можностите за инвестиции во обновливи извори на енергија

Vesti +

408 санкции за брзо возење

Vesti +

Приведен скопјанец баран со потерница

В+

Маричиќ: Максимално користење на ИПА-средствата за реалните потреби на граѓаните

В+