На 24.03.2022 во Битола, полициски службеници од СВР Битола, на две локации, ги лишиле од слобода В.К.(43) од Прилеп и Д.Р.(24) од Битола.

В.К. бил баран со потерница од Основен суд Прилеп за доиздржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека за Д.Р. била распишана потерница од Основен суд Битола со која се барал за доиздржување казна затвор од 2 години и 5 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Двете лица биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на казните.