Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Зошто Лукаревска не го спречила милионскиот криминал, како УЈП не проверила дека лажно и фактурираат мрежа од фирми?

Срамота е Лукаревска, како директор на УЈП, а воедно и заменик претседател на СДС за наводен успех да прикажува тоа што и признава на јавноста дека е сторен милионски криминал, преку УЈП, и таа не можела да го спречи.

Лукаревска да каже и која е поврзаноста на тие фирми со СДС и ДУИ и дали има лица кои се блиски до тие партии?

Буџетот е оштетен, граѓаните се оштетени, а Лукаревска тврди дека нешто открила.

УЈП требало да ги провери милионските фактури, кои биле фиктивни, а врз основа на кои исплаќала милиони на фирми кои немале никаков имот.

Од кого сега Лукаревска ќе ги поврати парите на граѓаните? Народот кој го полни буџетот е оштетен, парите наместо за нови училишта или медицински апарати завршиле во нечии џебови. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.