– Изминатите неколку дена УЈП предводено од партискиот кадар на СДСМ, Сања Лукареска врши брутална хајка врз најситните трговци и продавници, додека големите трговци никој не ги контролира, вели опозицијата.

“Под изговорот „контрола“ на маржите се удира врз најситните дуќанџии додека големите трговски субјекти блиски до власта се заштитени како бели мечки.

Тимови составени од партиски кадри влегуваат во ситните маалски продавници и врз строго селективни критериуми, политички селективно изрекуваат казни, и ги товорат со дополнителни трошоци осудувајќи ги на пропаст.

Тие не се задолжени да констатираат крупни неправилности туку да извршат хајка врз тие кои не мислат како власта, велат од ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш против редот и законите, УЈП и институциите ги штитат граѓаните, реагираат Од СДСМ.

Управата за јавни приходи како и сите останати институции дејствува според законите и постапува неселективно и ефикасно.

Преку редовните контроли на УЈП се штити стандардот на граѓаните од субјекти кои преку непочитување на законите сакаат да профитираат во време на криза.

Ако роднина на сопруга на функциониер од ВМРО-ДПМНЕ не го почитувала законот не може да се брани со партиски соопштенија и да се прават конструктиции.

Делувањето на УЈП е да се спречат манипулации со цените врз грбот на граѓаните среде криза. И додека УЈП делува по закон и за сите подеднакво, ВМРО ДПМНЕ не штити прекршувачи на законите, велат од владејачката СДСМ.