Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со своето срамно и недолично однесување, со викотници и расправии повторно ја блокира постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ спречува покачување на платите на 27.000 наставници и стручни соработници. Спречува трансформација на работниот однос од определено на неопределено време на 4.700 вработени во училиштата, кои не можат да го регулираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.

ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го кочи предлог законот за наставници и стручни соработници, а денеска и вчера нивните деструкции ескалираа и покажаа дека сакаат да креираат кризи, дека се подготвени да применат и физичко насилство само за да не бидат усвоени овие измени.

Дрското и безобразно однесување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е на штета на наставниците, образованието, на штета на граѓаните.

Јавноста повторно го виде вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, создавање тензии, хаос, блокади, негрижа за граѓаните и нивната благосостојба.