Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со употреба на сила и закани се обидуваат да го блокираат Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование со кој ќе порасне платата на вработените во улчилиштата.

Со измените на законот над 27 илјади наставници и стручни соработници ќе добијат повисоки плати, а на дури 4700 од нив работниот однос ќе им се трансформира од определено, на неопределено време.

Сепак, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ грижејќи се само за теснопартиски интереси ја блокира дури и распавата за овој закон, а не пак неговото носење и спроведување.

Опозицијата цела година го блокира овој закон, попречувајќи ја работата на Комисијата, а ситуацијата ескалираше денеска кога с овикање и закани, целосно деградирајќи го Собранието се обиде да исценира инцидент.

Со ваквиот однос пратениците од опозицијата покажуваат колку тие се грижат за наставниците и дека доколку некоја мерка за доброто на граѓаните не им носи нив политички поени, тогаш тие се спремни да ја блокираат.