Владина делегација со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев ја одбележа 120 годишнината од неговото загинување
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владина делегација со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев ја одбележа 120 годишнината од неговото загинување

Владина делегација составена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 120 годишнината од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Пред саркофагот на великанот се поклонија и му оддадоа почит и претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и делегациите на Собранието, на Министерството за одбрана, на Армијата, на Сојузот на борците, на Македонската академија на науките и уметностите, на Град Скопје, на политичките партии, на дипломатскиот кор, како и други почитувачи на делото на Гоце Делчев.

Со пригодна богослужба за помен на мртвите чиночествуваше архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Г.Г. Стефан.

Визионерот Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од турската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Тој ја застапуваше каузата за искрена борба за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во која доброволно ќе се здружат сите угнетени народи и ќе ја продолжат сестраната борба.

Можеби ќе ве интересира...

Дерала: Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее!

Vesti +

Николовски: Нема да чекаме кривична пресуда за функционерите, имотот ќе се конфискува во граѓанска постапка

Vesti +

Билатерална средба помеѓу Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски и претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ел-Рајси

Vesti +

49 санкции за брзо возење во Скопје

Vesti +

Васкопулос Филипов од „Виножито“: Прашањето на правата на Македонците во Грција е прашање на државата во која тие живеат

Vesti +

„Втора шанса“ овозможува дооформување на средното стручно образование на ранливите групи за полесна активација на пазарот на труд

Vesti +