Денес владина делегација ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе по повод 13 Ноември-Ден на ослободувањето на Скопје. Владината делегација ќе биде во состав: НиколаТупанчески-министер за правда, Ристо Пенов–министер за локална самоуправа и Беким Реџепи-заменик министер за транспорт и врски.

Агенда за одбележување на 13 Ноември:
• 11:00 часот-Положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел;
• 11:30 часот-Положување цвеќе на Алејата на заслужните граѓани во Бутел;
• 12:30 часот-Положување цвеќе на споменикот ,,Ослободители на Скопје”, плато пред Владата на Република Северна Македонија.