Владата го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат.

Претходно, Владата ја разреши досегашната директорка на инспекторатот, Анета Симеска Димоска.

„Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот“, соопшти Владата.