Нашата редакција дознава од извори во Владата дека на денешната владина седница, Ване Цветанов бил разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

Разрешувањето доаѓа брзо по информациите во јавноста дека Цветанов, како Претседател на оваа државната институција, ја ангажирал сопствената жена, Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

Очекуваме и официјална потврда од Владата, по завршување на седницата.