Владата ги замрзна основните прехранбени производи, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

„На предлог на Министерството за екомија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:

– леб;

– шеќер;

– брашно – тип 400;

– сончогледово масло за јадење;

– трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;

– свежо месо и сувомеснати производи;

– сирење и урда

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.“, напиша Бектеши на Фејсбук.