– На вечерашното гостување на телевизијата Канал 5, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе целосно неточна информација дека анкетата на Брима, објавена денеска од страна на медиум, била платена од владини пари на јавен тендер.

Не постои јавна набавка за анкетата односно истражување на јавното мислење на Брима, ниту пак истата е платена со пари на граѓаните. Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата.

Бараме од Христијан Мицкоски да се извини на граѓаните и на Владата за ваквата груба лага, се вели во соопштението упатено вечерва од Владата.