Полн е со витамини и минерали и е одличен извор за пролетна детоксикација.

Состојки:

1 кромид

половина целер

1 морков

3 компири

2 чешниња лук

2 лажици јогурт

1 лажица маслиново масло

бибер,

магдонос

Подготовка:

На масло пропржете го кромидот и сечканиот целер и додадете го сечканиот лук. Ставете ја водата и додадете ги компирите, морковите и зачините исечкани на коцки.

Гответе додека зеленчукот не омекне.

Сварената супа тргнете ја од ринглата, додајте го јогуртот и целата содржина измешајте ја со миксер.

Послужете ја супата по желба, додадете уште малку јогурт.

При сервирање посипете со сечкан магдонос.