Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност/потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, ќе отпатува во Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина од 13 до 16 март. Посетата ќе ја потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот исто така во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина.

Во понеделник, Високиот Претставник/Потпреседател Борел ќе престојува во Скопје, Северна Македонија, каде ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собрание Талат Џафери и лидерите на опозициските партии. Високиот претставник ќе одржи прес-конференција со премиерот Ковачевски во 12:00 часот, која ќе се емитува на EbS. Високиот претставник ќе учествува и на настан на кој претставници на граѓанското општество и младинските организации ќе ја претстават својата работа за придонесот на Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа.

Од Скопје, високиот претставник на ЕУ ќе отпатува за Тирана, а оттаму во Сараево при крајот на следната недела.