Нови 444 случаи на коронавирус се регистрирани во Македонија од вкупно 3210 направени тестови.

Најмногу од заразените се од Скопје, вкупно 187 лица, додека Куманово е втор на листата со 37 заразени, трет е Штип со 20, потоа следуваат Тетово,Прилеп, Битола, Кавадарци со под 20 новозаразени, пренесе Centar.mk.

Од коронавирус починале 15 лица.