– Направивме крупен исчекор на економски план. Бележиме историски позитивни резултати со рекорден раст на платите, рекорден пад на невработеноста, раст на странските инвестиции, отворање нови работни места, раст на БДП.

Просечната плата беше 22.400 денари, сега е 28.744 денари. Минималната плата беше од 8 до 9.000 денари, сега со закон е 15.200 денари, со тенденција до крајот на 2021 година да биде 18.000 денари, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев.