Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешниот дуел упати една порака до граѓаните:

Почитувани граѓани, Вие носите одлука, што е најважно за вас, за вашите семејства, вашата општина, вашата земја, и затоа е многу важно каква одлука ќе донесете. Јас сум убеден дека вие знаете, дека со носењето на ваквата одлука и те како ја испраќате и политичката порака, во каква држава саката да живеете, и тоа е целосно ваше право и ваша одговорност, а наше е да го понудиме тоа што најдобро можеме, за да го привлечеме вашето внимание и вашата заслужена чест, која што треба да ја соопштите на гласачките листови.

Најдоброто кое што можеме да го понудиме е најсилната гаранција дека со максимална ефикасност и ефективност, со најдоброто за граѓаните, ќе добиеме поддршка од целиот наш народ за да можеме да продолжиме онака како што досега работевме. Ќе продолжиме со уште поголем интензитет, за уште подобри општини кои уште подобро ќе служат на целиот наш народ.