Возач на градски автобус објави видео на неговиот профил на Фејсбук и испрати порака до директорот на ЈСП.

Возачот побара да биде вратен на некоја од линиите и да не паркира повеќе автобуси.

„Јас имам искуство 15 години, автобусот можам да го возам со затворени очи, ве молам да ме вратите на линија. Во тешка финансиска состојба сме, жена ми е без работа“, вели возачот меѓу другото.