Украинската армија објави видео на кое, како што велат, се гледа уништување на руски конвој од страна на беспилотно летало.

Според украинските власти, станува збор за турско беспилотно летало што го користи украинската армија, а кое уништува конвој руски воени возила на земјата.

Видеото, покрај војската, го објавија и неколку украински владини претставници.

Спред објавата, на снимката е прикажано како турски дрон „Бајрактар“ разнесува колона со непријателска воена опрема во областа на Керсон, на југот од Украина.

Инаку, денеска се јави и регионалниот гувернер на градот Харков, Олех Синиехубов, кој ја објаснува ситуацијата во градот на североистокот на земјата, за кој утрово беше јавено дека попаднал под руска контрола.

„Контролата над Харков е целосно во наши раце! Вооружените сили на Украина, националната полиција, силите за територијална одбрана го чистат градот од непријателите“, рече тој.

„Рускиот непријател е целосно деморализиран. Во градот, во внатрешноста на Харков, група од пет до 10 луѓе ѝ се предале на украинската армија. Штом видат барем еден претставник на украинските вооружени сили, тие се предаваат“, вели тој.