Екипи од специјалните единици на полицијата интензивно го пребаруваат течението на реката Вардар во обид да го пронајдат човекот кој утрово околу 6 часот се фрли од мостот близнак во скопската општина Аеродром, објави Centar.mk.

Центарот за управување со кризи утрово информираше дека информацијата за случајот е добиена утрово во 6 часот на телефонскиот број 112. Според информации на Centar.mk се работи за маж на околу 60 годишна возраст, а потрагата е во тек.