Каков лажго е Николоски, снимките говорат дека никогаш не добил аплауз во Советот на Европа

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ изјави дека по неговиот говор во Советот на Европа во Стразбур добил аплауз од цела сала, што ретко се случува таму.

Тој изјави дека ја искористил приликата во Стразбур да испрати суштински битни пораки за земјава и дека за тоа бил награден од присутни со аплауз, за што му е многу мило.

Сепак, реалноста изгледа малку поинкау. Снимките од Стразбур покажуваат дека по говорот на Николоски не следи никаков аплауз, туку само едно незаинтересирано „Благодарам, Александар“ од спикерот по што седницата си продолжува нормално.

Навикнат на живеење и работење во режим кој 11 години ги контролираше медиумите и се обидуваше да продава дека е вистина само тоа што тие го кажуваат, Николоски при фалењето дека добил апалузи од цела сала веројатно заборавил дека седниците на Советот на Европа се јавни.