Само два дена по терористичкиот напад во центарот на Истанбул, се чини дека се случи нов.

Овој пат се работи за автомобил-бомба што експлодираше во областа Фатих.

Засега нема информации за можни жртви, но снимката од местото на настанот е доста вознемирувачка.

Да потсетиме, шест лица загинаа, а повеќе од 80 се повредени откако во неделата во центарот на Истанбул беше активирана експлозивна направа.