Обраќање на Марко Михаилоски, претседател на СДММ

Почитувани млади,

Пред нас се клучни избори во недела.

На овие избори треба да одлучиме дали ќе продолжиме напред или ќе се враќаме назад.

Дали како млади луѓе ќе продолжиме кон ЕУ и НАТО или ќе се враќаме во времињата кога тепачките по автобуси беа секојдневие.

Дали ќе се обединиме околу иднината или ќе се вратиме на поделбите по етничка и верска припадност.

Млади, ајде на 31 октомври да си ја обезбедиме иднината.

Да не дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да не вратат назад во режимот.

Да гласаме за број 12 да гласаме за концептот што води напред.

Да гласаме за повеќе можности за нас младите, овде, во нашата татковина.

Да се обединиме и да заокружиме 12!