Нападнат автомобил во кој се возел Џо Бајден Непознат маж утрово ја нападнал колоната на американскиот претседател Џо Бајден во Брисел.

Инцидентот, кој го снимиле и камерите, се случил околу 9:40 часот по локално време.

Полицајците веднаш го совладале и го привеле човекот кој го фрлил шишето во правец на колоната. Напаѓачот наводно бил во алкохолизирана состојба.

„Човек кој беше во алкохолизирана состојба фрли шише кон колоната на американскиот претседател Џозеф Бајден. Успеавме да го запреме“, изјави началникот на полицијата.

Да потсетиме, американскиот претседател синоќа пристигна во Брисел, а денеска присуствува на самитите на лидерите на НАТО, Г7 и ЕУ поради руската инвазија.

Тој во Брисел ќе остане до петок, за кога е најавена неговата посета на Полска.

Во продолжение погледнете го нападот: