Македонец од Бугарија вчера при посета на бугарскиот премиер Кирил Петков, го праша кога ќе се признаат Македонците во Бугарија.

Петков се обидуваше да се концентрира на прашањата на новинарите. Новинарите, како што се слуша во видеото, му велат на активистот да бега затоа што не бил за тука.

Организациите на Македонците од Бугарија имаат бројни пресуди во Стразбур, но и покрај тоа Бугарија не им дозволува регистрација. Од друга страна, Бугарија бара Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав.