Во време на најголема економска и енергетска криза со која се соочува светот, поради агресијата врз Украина, владата предводена од СДСМ во континуитет спроведува мерки за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството. Донесовме 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра за заштита на граѓаните и стопанството во време на криза. Ја покачивме минимална плата, пензиите ги покачуваме, ја субвенционираме струјата да не поскапи повеќе, ги одржувме цените стабилни. Активни се и мерките за штедење на сите институции кои ги спроведува и премиерот Димитар Ковачевски. За жал, гледаме дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Кузеска го повикува Христијан Мицкоски, да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните кои ги расфрлаат на партиски вработувања и расипнички набавки од стотици илјади евра, да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

Мицкоски може да почне со Орце Ѓорѓиевски и да му наложи да ги пренамени стоте илјади евра за авторски договори во Кисела Вода.

Данела Арсовска да пренамени 670.000 евра наменети за партиски вработувања, Тимчо Муцунски 38.000 евра од набавката за компјутери, а ако веќе не се изедени чоколадите и бонбоните, Александар Стојковски да ги врати оние 6.000 евра во општинскиот буџет.

Само од споменатите неколку општини се доаѓа до сума од 800.000 илјади евра, ако се земе во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во голем дел од општините тоа се сериозни средства. Затоа Мицкоски има обврска да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ во време на криза парите на народот да ги насочат кон помош на граѓаните, изјави Кузеска.