Во време на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна, Владата на СДСМ со навремени мерки вредни 400 милиони евра успешно го амортизираше ценоvниот шок, изјави на денешната прес-конференција на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Тој додаде дека капиталните инвестиции во инфраструктурата помагаат да се одржи економската стабилност, да се обезбеди повисока продуктивност и вработувања, но и да се намалат производните и транспортните трошоци за компаниите и граѓаните.

“Од 2017 година па досега, изградени или реконструирани се над 1.000 километри патишта во вкупна вредност од над една милијарда евра.Во периодов се инвестираат 135 милиони евра во изградба на експресни патишта низ целата држава.
Во тек е изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со должина од 25 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра. Веќе над 75% од оваа патна делница е завершена. Започната е обнова и на магистралниот пат Куманово – Страцин, вредна 12 милиони евrа и втората делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заверши”, избави Костовски.

Костовски наведе дека се гради низ целата држава, се инвестира во унапредување на патната инфраструктура која е важна за подобро поврзување и побезбеден сообраќај.

Во тек е втората фаза од изградбата на делницата Крупиште – Кочани, дел од експресниот пат Штип – Кочани а продолжуваат и активностите на автопатот кон Охрид.

Веќе е завршена е изградбата на експресниот пат Штип – Крупиште, како и патот од Штип до Радовиш, целосно е реконструирана делницата Пробиштип – Крупиште и Кочани – Пониква.

Планирани и во реализација се реконструкции на делници ширум државата, како патот Битола-Демир Хисар, Крушево-Демир Хисар, Другово-Демир Хисар, Кривогаштани–Крушево и Велес – Градско.

И во време на глобална економска криза реализираме капитални проекти во интерес на граѓаните и севкупниот напредок на државата, изјави Костовски.