Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес одржа презентација на тунелот под Лимак, едно од најголемите сообраќајни решенија во Скопје што ќе овозможи брзо и непречено патување низ градот со возила, јавен превоз или други средства за транспорт. Во рамки на целото решение за овој дел е вклучена изградба на голем кружен тек на раскрсницата кај Нова Македонија.

https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/1018752788877624/

Со ова сообраќајно решение се спојува булеварот Македонија (Јужен булевар) со бул. Кочо Рацин и поминуваат под објектот на Лимак, каде што Скопје станува европска метропола со решени сообраќајни проблеми, со помалку загадување и метеж, со многу јавен простор во Центарот и слободен за сите пешаци.