Еуген Сарачини, директор на ТВ 21 Приштина, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека настанот во Охрид, каде што се среќаваат косовскиот премиер, Албин Курти, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, е многу значаен. Според Сарачини, стабилноста на регионот зависи од стабилноста на земјите и на односите меѓу нив.

„Во таа смисла, и за Косово и Србија ова е шанса нивните односи да бидат пријателски и во интерес на граѓаните на двете земји. Сметам дека премиерот Курти треба да биде похрабар и со гаранциите на САД и ЕУ да ги прифати предлозите за спорните прашања како што е Заедницата на српските општини на Брисел, околу кои сега постојат најголеми недоразбирања“, вели Сарачини.

Настанот во Охрид предизвика огромно медиумско внимание од целиот регион и пошироко. За следење на средбата Курти-Вучиќ се акредитираа повеќе од 230 новинарки и новинари.

Камера: А. Ризински
Монтажа: А. Мехмети

извор ЦИВИЛ Медиа