Анти-западните медиуми низ целиот свет во екот на летото ја плашеа јавноста за наводно драстично зголемување на цената на гасот, па и до целосен прекин на снабдувањето со природен течен гас на европскиот континент. Се објавуваа видеа од тоа како Европа би живеела во мраз и студ, а во Русија би било топло поради ресурсите кои ги има, но се случи пресврт, па така цената на гасот на светските берзи сега е поевтина дури од пред војната во Украина, а гасните складишта во земјите на ЕУ се преполни, па така бродови со ефтина руска нафта кружат заглавени по теснеците, немајќи каде да ја продадат низ Европа.

Драстичен пад се случи и на цената на нафтата која сега изнесува меѓу 70-80 долари за барел а не 300 како што најавуваше анти-западната “баба рога” кампања.

Оваа ситуација е прв позитивен параметар кон тоа дека балонот за влијанието на војната во Украина врз светските економии веќе пукна и според познавачите ова е пат кон еден позитивен почеток на 2023-тата година и целосна стабилизација, со што овој пат зависноста од руските енергенси на европскиот континент полека станува минато.