Тимбо д Реднек, 18-годишен инфлуенсер, кој има повеќе од 200.000 обожаватели на социјалната платформа ТикТок, почина од повредите здобиени во бизарната несреќа.

Тажната вест на ТикТок ја потврди неговата мајка.

„Повеќе нема да снима видеа, никогаш повеќе… Мојот син вчера загина во тешка несреќа и не успеа да преживее. Би сакала да им се заблагодарам на фановите што ги имаше… Го сакаше ТикТок и веруваше дека фановите го поддржуваат, тоа му значеше многу… Ве сакам, ви благодарам многу“, рекла неговата мајка и ги поканила следбениците да донираат средства на страницата GoFundMe за да можат да му организираат погреб на младиот инфлуенсер.

Зетот на Хол, Тони, ги споделил деталите за несреќата во видео објавено на каналот на Хол на Јутјуб. Тимбо д Реднек, со вистинско име Тимоти Хол, изведувал акробации во дворот на еден пријател кога „камионот само се превртел и тој излетал од прозорецот од страната на возачот, а камионот слетал врз него“, рекол неговиот зет.

„Само сакам сите да знаат дека Тимбо, или Тимотеј – како и да го викате, навистина ги ценеше и ги сакаше своите обожаватели и пријатели“, рекол Тони.

https://www.youtube.com/watch?v=WhvpllOWmso

https://www.youtube.com/watch?v=jFORrU_d_9Y