Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, престојува во работна посета на Стразбур.

Во рамки на посетата, вицепремиерот Маричиќ во Советот на Европа ќе се сретне со Меглена Кунева, Амбасадор на ЕУ при Совет на Европа и со Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Во фокус на разговорите ќе бидат европската перспектива на земјата, како и искуството на Бугарија во водењето пристапни преговори со Унијата.