Вицепремиерот Битиќи, министерот Милевски и амбасадорката Зутер Техада на промоција на електронскиот систем за рамномерен регионален развој sirera.mk – Креирана е современа и дигитална алатка за ефикасно следење и спроведување на политиките за рамномерен регионален развој
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Битиќи, министерот Милевски и амбасадорката Зутер Техада на промоција на електронскиот систем за рамномерен регионален развој sirera.mk – Креирана е современа и дигитална алатка за ефикасно следење и спроведување на политиките за рамномерен регионален развој

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменикот министер за финансии, Димитар Ковачевски, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада, градоначалници и претставници на државните и локалните власти, денес во Клубот на органите на државната управа присуствуваа на настан на кој беше промовиран дигиталниот „Систем за рамномерен регионален развој“ (sirеra.mk)којшто е развиен во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

 

Вицепремиерот Битиќи, во рамките на чиј Кабинет беше спроведена првата компонента на „Проектот за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, зборувајќи на настанот, посочи дека преку овој проект е креиран електронскиот систем за координација во планирање, спроведување, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој, наречен „СиРеРа“, со кој се овозможува лесна и навремена координација на сите владини институции, кои согласно нивните програми и буџети планираат и инвестираат финансиски средства од државниот буџет.

 

 

Започнувајќи од крајот на 2017 година, Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори и Министерството за локална самоуправа, во соработка со Амбасадата на Швајцарската конфедерација во Република Северна Македонија и нивната Агенција за развој и соработка (SDC), заеднички започнаa со имплементација на проектот за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, кој еве, сега, успешно се приведува кон крај. Чест ми е да го промовираме овој значаен проект и официјално да извршиме примопредавање на Министерството за локална самоуправа.  Проектната единица започна со работа во јули 2018 година и денес, после скоро 3 години на подготовка, изработка и операционализација на планираните активности, може да се каже дека Република Северна Македонија добива одлична алатка за следење на политиката на рамномерен регионален развој, а тоа е системот sirera.mk“, објасни Вицепремиерот.

 

Тој додаде дека функцијата на оваа современа алатка е да ѝ помогне на Владата, но и на другите вклучени страни, пред сè министерствата, агенциите, дирекциите и останатите државни институции, во процесот на успешна имплеменатција на новиот Закон за рамномерен регионален развој и достигнувањето на предвидените 1% од БДП, како инпут во развојот на општините и регионите.

 

 

Системот sirera.mk., дава точен преглед на сите инвестиции кои произлегуваат од националниот буџет и се инвестираат на регионално ниво. Електронскиот систем за координација во планирање, спроведување, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој, наречен „СиРеРа“, овозможува лесна и навремена координација на сите владини институции, кои согласно нивните програми и буџети планираат и инвестираат финансиски средства од државниот буџет. Истовремено, овој систем ја зголемува транспарентноста и отчетноста на институциите, ја подобрува комуникација помеѓу институциите и ја зголемува ефикасноста и капацитетот на програмите“, посочи вицепремиерот Битиќи и додаде дека алатката дигиталниот систем во овој момент е надополнет со 10 годишни историски податоци преку чија анализа лесно може да се утврди трендот на раст на инвестициите кои се поврзани со една важна тема како што е рамномерниот регионален развој.

 

 

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски информираше дека  Системот sierra.mk многу важен затоа што тоа е дел од севкупните реформи коишто се направени во изминатите 2 години со голема поддршка на амбасадата на Швајцарската Амбасада.

 

 

„Ја направивме новата Стратегија за регионален развој 2021-2031 година којашто е усвоена од Собранието на Република Северна Македонија, го донесовме новиот Закон за рамномерен регионален развој кадешто е инкорпориран овој систем sierra.mkза  да биде во надлежност на Министерството за локална самоуправа. Ја донесовме и новата Програма за локален развој и децентрализација како и Акционите планови коишто треба да ја имплементираат 10-годишната Стратегија и 5-годишната Програма за локален развој. Правно сите оние документи коишто беа неопходни за регионален и локален развој како Министерство за локална самоуправа заедно со швајцарската Амбасада и УНДП во еден дел успешно ги имплементиравме. Сега треба да ги гледаме плодовите од оваа активност. Прва компонента која треба да се имплементира тоа е вклучувањето во системот на овој систем, кој ќе биде јавно достапен и до медиумите и до граѓаните, до новинарите кои се занимаваат со анализи, да можат во секој момент да ги видат податоците, каква е тенденцијата за регионален развој односно дали се почитуваат критериумите и поделбата на парите според степенот на развиенот на планските региони“, нагласи Милевски.

 

Министерот посочи дека вкупната вредност на проектот изнесува 5 милиони швајцарски франци, од кои 3,3 милиони швајцарски франци се од Владата на Швајцарија и швајцарската Амбасада, а остатокот од буџетот на државата.

 

 

„Во изминатите 2 години, навистина направивме проекти како во Центрите за плански региони, заедно со овој Проект, втора и трета компонента коишто ги имплементираше МЛС, реновиравме многу училишта, игралишта, го развиваме туризмот, инвестиравме и во здравството. Овој месец ќе одиме на промоција и во Св. Еразмо, во Заводот за рехабилитација на луѓе на кои им треба физикална нега, значи навистина во сите области коишто значат она што им е неопходно на граѓаните во локалната самоуправа , швајцарската Амбасада преку овој Проект навистина вложи многу средства“, подвлече министерот и додаде дека очекува втората фаза на Проектот за одржлив и инклузивен регионален развој во вредност од околу 6 милиони швајцарски франци да започне да се сроведува наесен.

 

 

Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Н.Е. Сибил Зутер Техада изрази задоволство што е извршена промоција на новиот дигитален систем sierra.mk и посочи дека очекува со системот да се подобри институционалната комуникација и координација и процесот на планирање, имплементирање и мониторинг на политиките за рамномерен регионален развој, кои беа развивани со поддршка од Швајцарија. Рамномерниот регионален развој е витален за доброто на сите граѓани, особено ранливите категории кои живеат во рурални и неразвиени региони во земјата.

 

 

„Развивање на вакви политики и стратегии и речиси невозможно без пристап до потребните информации кои ќе помогнат да се направи стратегиско насочување и соодветно дизајнерање на политиките, а во исто време ќе ја зголеми транспарентноста и ја зголеми координацијата помеѓу сите инволвирани страни. Драго ми е, што  Владата не само што ја препозна потребата за ИТ систем, туку и покажа и посветеност за негово развивање во координација со сите национални инволвирани страни, со цел да го направи овој дигитален систем за идно креирање на соодветни политики. Во соработка со Швајцарската програма за соработка со Република Северна Македонија 2021-2024, дигитализацијата е нов клучен приоритет за постигнување на оддржлив развој, но дигитализацијата не е значи само технологија, таа исто така значи промена за сите луѓе. И најважно, дигитализацијата има за цел да допринесе за да се овозможат поволни стандарди за живот во Република Северна Македонија“, истакна во своето обраќање амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Полицаец вознемирувал ученички во средно училиште во Скопје

На 24.03.2023 добиена е пријава од средно училиште во Скопје дека полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички. Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против лицето ќе биде поведена и постапка за... Прочитај повеќе...

Експлодира плинска боца во Карпош, полицаец заврши во болница

На 24.03.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Разловечко Востание“ во стан сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на... Прочитај повеќе...

Пожар во угостителски објект во Битола

На 24.03.2023 околу 09,30 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул. Ј.Јосифовски во Битола. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Битола. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Приведени тројца крадци во Скопје, пронајдени предмети од кривичните дела

В+

196 санкции за брзо возење

Vesti +

МВР со детали за трагедијата во која почина д-р Трајче Нешковски

В+

Бојковски од Кратово: Преку неформално образование ќе ги обучуваме децата во средното училиште за работа во ИТ индустријата

В+

Средба на Османи со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Вахл

Vesti Plus

Ќе понуди ли нешто Мицкоски на граѓаните или секој ден ќе зборува за девојките на Заев од младоста и ќе кажува вицови

Vesti +