Политичарите во Србија денес се сведоци на фактот дека луѓето за кои до вчера веруваа дека се семоќни и недопирливи – претседателот Путин, на пример – добија прилично остри санкции од Западот и нема опција да се ослободат од нив, вели Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска и професорка на Филозофскиот факултет во Загреб во врска со санкциите против Русија поради инвазијата врз Украина.

Според неа, „ако таква казна доживеале семоќниот Путин, руските олигарси и политичари, тогаш на балканските дестабилизатори им останува само да мислат како ќе поминат“.

-Тие многу полесно може да се санкционираат. Конечно, прашање е колку време и интерес има Русија да се справи со нашите дестабилизатори и нивната заштита, на кои тие сметаа и се потпираа. Мислам дека сега калкулираат со различни можности да излезат од ситуацијата во која се најдоа пред почетокот на агресијата врз Украина. Ќе видиме… Во секој случај, без разлика кој е на власт, Србија и припаѓа на Европа. Таа е дел од тоа. Тоа не е руска провинција. Се ближи крајот на флертувањето со Русија, време е да се преброиме, да видиме каде некој политички мисли да се рангира. Србија мора да одлучи, вели поранешната министерка.