Фејсбук статус на Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Карпош:

Драги карпошанки и карпошани

Уште еднаш покажавме и докажавме дека Карпош, го сака и го заслужува само најдоброто.

Ви благодарам што несебично и во голем број излеговте и го остваривте своето право на глас во фер и демократска атмосфера, потврдувајќи го својот избор за НАЈДОБРОТО ЗА КАРПОШ.

На овие локални избори, народот испрати порака, а ние ја научивме лекцијата од истата.

Нема празни ветувања, туку реални проекти за задоволување на потребите на сите граѓани, реални проекти за чиста, хумано-урбанизирана општина, за економски напредок, за подобро денес, за уште подобро утре.

Ги повикувам сите граѓани, определени и неопределени, граѓански здруженија, коалиции, единствени и обединети, во вториот круг од локалните избори, едногласно да го избереме бројот 12 и да го потврдиме НАЈДОБРОТО ЗА КАРПОШ.