На 26.03.2023 околу 09.40 часот на крстосницата од ул.„Вардарска“ со регионалниот пат Р1102 кој води од Велес до езеро „Младост“, А.Ѓ.(28) од Скопје, додека управувал велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес.

По овластување од Јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.