Инфектологот Вело Марковски во вечерашното гостување на ТВ 21 објасни како да се разликува коронавирусот од обичен грип.

„Треба да ги разликува науката, но не само кај нас, туку во речиси држави нема некоја силна инфектологија, и не се вклучени луѓето кои се најстручни во горнореспираторни инфекции. Најголемиот проблем сега ќе прави грипот и обичната настинка. Аденовирусите се најпрви на листата, па доаѓаат риновирусите, а коронавирусот се четврти на листата. Над 200 риновируси даваат обична настанка. Нормално е во сезоната да имаме 3-4 епидемии со риновируси и аденовируси. Риновирусот на пример нема температура и не бара отсуство од работа“, рече Марковски.