Британскиот амбасадор во Авганистан, Лори Бристоу, синоќа рече дека е дојдено времето за прекин на воздушниот мост преку кој беа евакуирани речиси 15.000 Авганистанци и британски државјани во изминатите две недели.

„Дојде време да се заврши оваа фаза од операцијата, но ние не ги заборавивме луѓето што сѐ уште сакаат да си заминат и ќе сториме сѐ што можеме за да им помогнеме“, рече Бристоу.

Ниту еден британски авион наменет исклучиво за евакуација на цивили нема да полета од Кабул, но летовите за британските војници и помал број Авганистанци ќе продолжат, објави британското Министерство за одбрана.

„Скај њуз“ објави дека последниот британски цивилен авион го напуштил Кабул во вчера вечерта.

The post Велика Британија ја прекинува евакуацијата од Кабул appeared first on Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт….