Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово, Попова Шапка, Крушево, како и на планинските премини Стража и Ѓавато, велат од АМСМ.

ОД АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2022 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година.