Нов начин на пресметка, регулаторот ќе ја менува цената на горивата на дневна основа само доколку одреден дериват на светските берзи поевтини или поскапи за два долари.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека цената на горивата за бензинските пумпи се одредува во однос на цените кои биле на берзите во последните пет дена.

Синоќа горивата скокнаа на рекордно ниво. Бензинот поскапи за 3,5 денари, нафтата за 8,5 денари.

Вечерва се очекува нова цена на горивата, истата најверојатно ќе биде објавена пред полноќ.

Но, иако на светските берзи во последниве 24 часа нафтата се намали за 10-15%, ова можеби и нема многу да влијае врз денешното одредување на цената на горивата, бидејќи пресметките се прават за изминатите пет дена, а таму влегуваат и деновите кога нафтата достигна рекорди од 130 долари по барел.

Инаку во моментов ова се цените на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм).