Полицијата на СВР Скопје во содејство со специјалците од “Тигар” извршија голема полициска акција во Скопје, објави Centar.mk.

Порталот Центар.мк повикувајќи се на свои извори информира дека во акцијата се лишени неколку криминалци осомничени за тешки кривични дела, а при претресите во нивните домови биле пронајдени оружје, муниција, дронови…

Од МВР ја потвридле оваа информација и најавија подетални информации за утрешниот ден.