Vestiplus.mk
+ КОРОНАВИРУС МАКЕДОНИЈА

Вчера се аплицирани 17.521 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 473.657 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 305.804 граѓани.

Со последните бројки 61% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 58% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Можеби ќе ве интересира...

Нова супер понуда од новиот телекомуникациски оператор во Македонија

Vesti +

Во Живо: Прес на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

В+

235 санкции за брзо возење

Vesti +

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ еден ден зборува едно друг ден друго, блокира поголеми плати за наставниците во Собранието

Vesti +

Ковачевски – Шаленберг: Северна Македонија заслужува исчекор во евроинтеграциите

В+

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е решето, да се извини за хистеријата што синоќа ја ширеше преку соопштенија

Vesti +