Vestiplus.mk
+ КОРОНАВИРУС МАКЕДОНИЈА

Вчера се аплицирани 12.939 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани.

Со последните бројки 64% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Можеби ќе ве интересира...

МЗ: 85% од новите случаи и 91% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

Vesti +

Големо поскапување на горивата во Хрватска од денеска: Дизелот поскап за 12,2 денари

В+

42 санкции за брзо возење во Скопје

Vesti +

Трагедија ја потресе Македонија: Загина едно лице, изгоре куќа – 16 пожарникари со 5 возила утрово го гаснеле пожарот

В+

Нови тарифни блокови за струјата: Оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо, штедливите поевтино

Vesti +

Во понеделник промена на времето, потоа стабилизација – Метеоцентар со детална прогноза

В+