Vestiplus.mk
+ МАКЕДОНИЈА

Вчера се аплицирани 11.883 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 703.557 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.625 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.883 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.220.375 дози вакцини, а ревакцинирани се 516.797 граѓани.

Со последните бројки 51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Можеби ќе ве интересира...

Антикорупциската не ги прифати приговорите од Левица за Арсовска и од СДСМ за Димитриевски

В+

Попишани 1.619.857 граѓани во земјава и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

В+

Сашо Мијалков излегува од притвор

Vesti +

Црна сабота: Починаа 41 лице, меѓу кои млади на возраст од 18, 23, 31 година – бројот на новозаразени троцифрен

Vesti +

Вчера се аплицирани 11.393 вакцини

Vesti +

Тешко повредена малолетничка во Виница, откако во неа удрил „цитроен“

Vesti +