Вчера се аплицирани 10.984 вакцини
Vestiplus.mk
+КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Вчера се аплицирани 10.984 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.905 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.984 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 932.603 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани.

Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 47% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Можеби ќе ве интересира...

Скопје се разбуди во солзи: Познат идентитетот загинатиот, има и повреден – Детали за трагичната судбина која се случувала утрово

Vesti +

Уште една смрт во Скопје: Маж од Германија со американски пасош пронајден починат во стан

Vesti +

Тажна вест: На 49-годишна возраст почина професорката Марија Таковска

Vesti +

Нови бајки од Македонија по повод десетгодишнината од Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“

Vesti +

Град Скопје ќе дели субвенции до 62.000 денари за клима уреди – еве како да се пријавите

В+

Црн петок: 39 починати, нови 1.493 заразени од коронавирус

В+