Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска му се заблагодари на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за неговото, како што рече, активно учество во зачувувањето на договорот за извоз на жито од пристаништата на Црното Море.

Зеленски на Телеграм објави дека со Ердоган разговарал и за понатамошни чекори за враќање на затворениците, велејќи дека поддршката од Турција е важна.

Турција беше вклучена во најмалку една размена на затвореници од висок профил меѓу Русија и Украина.

Ердоган претходно најави дека денеска продолжи извозот на жито од Украина преку поморскиот хуманитарен коридор.

Тој во своето обраќање во парламентот рече дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за време на телефонскиот разговор го информирал турскиот колега Хулуси Акар дека продолжува испораката на жито од Украина.

Турскиот претседател изјави и дека е постигнат договор со Русија за снабдување со жито на сиромашните земји во Африка.