Од Фејсбук тврдат дека дневно се остваруваат преку 150 милиони видео повици преку нивната популарна апликација за разговор, што е една од причините за воведување на нов безбедносен додаток …

Фејсбук објави дека корисниците на нивната апликација Messenger наскоро ги очекуваат нови опции.

Апликацијата, која користи „end-to-end“ шифрирање на текстуални пораки од 2016 година, сега ја има истата можност да остварува гласовни и видео повици, бидејќи интересот за нив е значително зголемен. Messenger исто така доби нови контроли за пораките кои исчезнуваат.

Фејсбук тврди дека преку Messenger секојдневно се остваруваат преку 150 милиони видео повици. Содржината на пораките и повиците во шифриран разговор „end-to-end“ е заштитена од моментот кога го напушта уредот на испраќачот до моментот кога ќе стигне до примачот, така што никој, вклучително и самиот Фејсбук, не може да ја чита, слуша или да ја гледа содржината на испратената порака.

Новите измени се однесуваат и на текстуалните пораки што исчезнуваат по некое време, и во кои корисниците сега ќе можат попрецизно да го одредат периодот од 5 секунди до 24 часа, што може да помине до нивното целосно исчезнување од телефонот, наместо претходн дефинирани временски интервали.