На 19.03.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје, Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од лице(36) – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка.

Со неа бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.