Полициски службеници од Полициската станица Виница вчера во попладневните часови го лишиле од слобода С.И. (53) од овој град.

Како што информираат од МВР, претходно полицијата добила пријава дека на 25. февруари околу 14 часот во Виница, тој допирал и бакнувал малолетничка.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.