Денеска во раните утрински часови, во 3:20 часот, на ул. Христо Татарчев во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.В.(41) од Скопје, затоа што околу 2:45 часот ја вознемирувал неговата поранешна 26-годишна девојка од радовишко село.

При приведувањето, неговата мајка Л.В.(75) од Скопје се однесувала агресивно и ги попречувала полициските службеници во вршење на службеното дејствие.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.